Над 90 геодети ќе продолжат со работа со старите лиценци

 

Геодетите кои се стекнале со лиценци меѓу 2005 и 2008 година, а имаат работно искуство над десет години нема да мораат да ги обновуваат лиценците за работа во периодот 2015-2018 година ниту пак да го дозаокружат своето образование. Тие до пензионирање ќе можат да работат со веќе добиените лиценци.

Ова го предвидува амандманот на измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности, поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, што денеска беше прифатен на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во членот 65 од измените и дополнувањата, кој предвидува геодетите да ги продолжат лиценците во периодот од 2015 до 2018 година, се додава став 3 со кој практично се предвидува изземање на 91 геодет од над 200 во државата.

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ објасни дека со нивниот амандман овие лица повторно ќе имаат право да работат до нивното пензионирање иако немаат високо образование.

Претходно Роза Топузовска Каревска од ЛДП побара членот 65 да се избрише, но потоа го повлече амандманот и го поддржа решението предложено од нејзините колеги.

MIA

22.07.2014 - 13:57
Фото: 
kurir
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега