Од утре невреме во Македонија
Променливо облачно и посвежо време со пообилни врнежи од дожд се очекуваат од утре во Македонија.
Локално ќе наврнат и над 20 литри дожд на метар квадратен, особено во северните и североисточните делови. Врнежите ќе бидат проследени со засилен ветер, а можна е и изолирана појава на град, локално и во форма на невреме.
Заладувањето, кое ќе трае и во среда, е последица од циклонската активност и нестабилната и влажна воздушна маса што ќе ја зафати државата.
Според прогнозата на Управата за хидрометеролошки работи до крајот на неделава во попладневните часови ќе преовладува нестабилно облачно време со локален пороен дожд и грмежи.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа