Денови на македонската култура во Србија

 

Во библиотеката  "Ѓура Јакшиќ" во Петровац на Млава, Србија, од 24-ти до 26-ти Јули ќе се одржат Денови на македонската култура. Ќе се одржи вечер на македонската поезија и песна со читање на современа македонска поезија и интерпретирање на македонски народни песни.

 Потоа, ќе биде промовирана и книгата „Под кожа“ од писателката Даниела Миланова во издание на Изадавачката куќа „Феникс“ од Скопје, а авторката која е и сликарка и уметнички фотограф ќе се претстави и со својата изложба на уметнички фотографии под заедничкиот наслов „Родниот крај е таму каде што Ви е убаво“, со презентација на најнови уметнички фотографии од Србија и Македонија.

Деновите на македонската култура во Петровац на Млава ќе бидат збогатени со отворањето на македонско одделение во Библиотеката „Ѓура Јакшиќ“, при што ќе бидат врачени донациите во книги од Библиотеката „Св. Климент Охридски“ од Битола, Списанието за книжевност и уметност „Сум“ од Штип и Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје. 

21.07.2014 - 11:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега