ФОТО: Во тек реконструкција на Албанскиот театар

 

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и државниот секретар Бехиџудин Шехаби денеска го посетија Албанскиот театар во Скопје, каде е во тек реконструкција. Се очекува да биде завршена во септември следната година.

Канческа-Милевска изрази задоволство од динамиката на реконструкцијата на објектот. Информира дека на есен, во октомври или ноември, оваа институција ќе добие нова фасада, покривна конструкција и нови прозорци, по што ќе се продолжи со уредување во внатрешноста на објектот.

tetatar500

- Се работи за корисна површина од над 4.300 метри квадратни. Влезот ќе биде поголем, а објектот ќе ги има и двете сали кои постоеја и претходно. Сценската технологија и она што ќе биде вградено, како и досега, ќе биде од најврвните светски технологии, и аудио и видео опрема и технологија, рече Канческа-Милевска.

2tetatar500

Директорот на Албанскиот театар Адем Карага истакна дека работат во Театар комедија и додаде оти ги изведуваат претставите од редовниот репертоар.

- Ова е прв голем зафат за целосна реконструкција на Театарот, од самото отворање, речиси 40 години од постоење на оваа зграда, рече Карага.  

3tetatar500

Реконструкцијата на Албанскиот театар почна во јануари, но поради временските услови, продолжи поинтензивно од април годинава. За реконструкцијата, која според договорот изнесува околу 492 милиони денари или околу 8 милиони евра, задолжена е италијанската фирма „Ламоне Мореда“.

4tetatar500

Се реконструираат 4.300 метри квадратни. Од објектот остануваат само темелите и надворешните ѕидови, а во внатрешноста се интервенира насекаде, во сцена, инсталации, машинство.

МИА

17.07.2014 - 19:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега