Николоски: Исплатени платите за околу 4400 вработени во Железници и Пошти

Министерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека е исполнето ветувањето за обезбедување и исплата на плати за вработените во двете претпријатија за Железници и во Македонски пошти.
 
"Ветив дека 4400 вработени нема да ги оставам без плата!
Плата е исплатена на Македонски Железници Инфраструктура, Македонски Железници Транспорт и Македонски Пошти. 
Повикувам на одговорност за претходните раководства за недомаќинско работење!
Во мојата четврта недела како Министер покажувам дека може поинаку!, напиша Николоски.
 

18.07.2024 - 18:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега