Никол Кидман откри зошто никогаш не би снимала филм со сопругот
Никол Кидман соработувала со многу познати имиња во текот на својата кариера, но неодамна откри зошто никогаш не би снимала филм со својот сопруг, Кит Урбан.
-Ние сме заедно во реалниот живот, не треба да снимаме заедно. Животот е веќе претстава за нас, изјави актерката за време на премиерата на втората сезона од серијата „Nine Perfect Strangers“.
Никол и Кет се запознале во 2005 година, и двајцата се заљубиле на прв поглед, велат тие. Сепак, на Урбан му биле потребни четири месеци за да ја покани Никол да излезат, а во 2006 година ја изненадил со цвеќе во 5 часот наутро на нејзиниот роденден.
Се венчале истата година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа