Невреме во Кавадарци: Паднати дрвја и канделабри, големи наноси од кал по улиците

Невреме го зафати попладнево градот Кавадарци. Градоначалникот Митко Јанчев информираше дека се работи на расчистување на улиците од паднати дрвја и канделабри и се чистат сливниците.

-По силното невреме проследено со силен ветер што ја зафати Општина Кавадарци, интензивно се работи на терен каде се активирани Мој Општинар, службите од ЈП Комуналец, служби од ЕВН и ТППЕ Кавадарци. Се работи на расчистување на улиците од дрвја, паднати канделабри, се чистат сливници и големи наноси од кал и песок по градските улици, информираше Јанчев.

Тој нагласи дека се очекува до вечер сите улици да бидат проодни и функционални.

- Исто така ги известуваме граѓаните дека за било каков проблем, можат да се јават во Кол-центарот на општината на бројот 13-300, соопшти Јанчев.

18.07.2024 - 19:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега