„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата
Музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“ повторно ќе ја донесе вистинската магија во срцето на градот. Оваа сабота, на 13 септември, со почеток во 19:30 часот, Паркот на франкофонијата во Центар ќе биде местото каде скопјани ќе можат да уживаат во настапите на некои од најпознатите македонски ѕвезди.
На сцената ќе се појават Кристина Арнаудова, Викторија Лоба, Барбара Поповиќ, 2 Бона, Елена Ристеска и Дарио со „Миг-21“.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упатува покана до сите љубители на добра музика да бидат дел од оваа вечер која го обединува градот.
10.09.2025 - 13:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа