Неколку автобуси експлодираа на паркинг во Израел

 

Неколку автобуси експлодираа на различни локации на паркиралишта во израелскиот град Бат Јам, а првичните извештаи покажуваат дека нема повредени.

Израелската полиција соопшти дека нема повредени во инцидентите и дека е во тек потрагата по осомничените.

Израелскиот министер за транспорт, Мири Регев, повика да бидат стопирани сите автобуси, возови и лесни железници за да се провери дали има дополнителни можни експлозивни направи.

Единиците за уништување експлозивни направи почнаа да ја пребаруваат областа за дополнителни сомнителни предмети. Дополнително, во неколку автобуси во Тел Авив биле пронајдени експлозивни направи, од кои два експлодирале.

20.02.2025 - 22:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега