Не може ни да замислите колку е моќен - ретко кој знае дека компирот во овие ситуации ви е најдобар пријател
Наједноставните решенија понекогаш се и најдобри. Овој рецепт може многу лесно да го направите, не чини речиси ништо, а може навистина многу да ви помогне.
Можеби ќе се запрашате зошто некој би пиел сок од компири, но не е секогаш се во вкусот. Најлековитите нешта имаат потполно непривлечен вкус за нас, а она што за нас е највкусно, всушност и најмногу ни наштетува.
Сокот од компири е прилично блунтав и безвкусен, но е исклучително здрав, па се пие и во рамките на Бројсовата медицинска диета. Еве за што се е добар овој лековит сок.
Го алкализира телото
Сокот од компири е базен па затоа може да помогне во воспоставување на кисело-базна рамнотежа на организмот, што е особено важно за нас бидејќи начинот на исхрана денес предизвикува нашето тело секогаш да посакува киселост.
Помага против гихт
Го намалува нивото на уричната киселина и со самото тоа помага против гихт.
Има против-воспалително дејство
Поради ова сокот од компири може да помогне кај артритис и други облици на воспалителни процеси, посебно кај зглобовите, но и при болки во грбот. Исто така, сокот од компири ја поттикнува циркулацијата во сите телови на телото.
Ја чисти кожата
Сокот од компири има смирувачко дејство на егземите, па дури и на акните и помага да се исчисти кожата.
Помага во процесот на слабеење
За таа цел треба да се пие по една шолја сок од компири пред појадокот и уште една 2 до 3 часа пред легнување.
Го чисти црниот дроб
Затоа може да се користи за детоксикациски диети (како што се користи и во Бројсовата диета), но исто така и може да го потпомогне функционирањето на црниот дроб и жолчната кеса, доколку постојат проблеми. За оваа цел се пијат 2дл сок наутро, на празен стомак.
Помага во лекувањето на гастритис и чир
За таа цел се препорачува да се консумира по една лажица сок од компири разреден со малку вода половина час пред појадокот, ручекот и вечерата.
Како се прави?
Многу едноставно е да се направи овој лековит сок. Компирите добро измијте ги и излупете ги и отстранете ги сите зелени делови и никулци доколку ги има. Потоа изрендајте го и ставете го во ленена крпа и исцедете го сокот (може да употребите и соковник).
Сокот секогаш пијте го свежо исцеден, а ако ви е невкусен, може да го измешате со сок од лимон, јаболки, моркови и мед…
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа