Нападната американска воена база во Сирија – зголемени безбедносни мерки
Американската воена база во Сирија беше цел на минофрлачки напад, објави иранската новинска агенција Мехр, повикувајќи се на повеќе извори.
Агенцијата наведува дека информирани извори изјавиле дека нападот бил извршен врз американската база лоцирана во западниот дел од сириската покраина Хасака.
По нападот, според истите извори, на главниот влез во базата биле воведени зголемени безбедносни мерки.
Според изворите на арапската новинска агенција „Ал Малома“, инцидентот се случил утрово кога зградата била нападната со минофрлачка граната.
Се наведува дека засега нема информации кој ја испукал или од каде дошла.
Се тврди дека по гранатирањето, американскиот контингент стациониран во базата бил ставен во состојба на зголемена готовност, биле подигнати неколку американски хеликоптери, а американските војници ја пребарувале областа околу објектот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа