На шега му испратиле покана за свадба на папата Франциск, добиле изненадувачки одговор
Папата Франциск почина во понеделник откако доживеа мозочен удар што доведе до кома и срцев удар. Веста за неговата смрт предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, а меѓу нив, особено се издвои едена емотивна објава од еден корисник кој сподели лична анегдота.
Tој и неговата сопруга, како шега, испратиле покана до папата Франциск пред нивната венчавка и – добиле одговор.
-Сопругата и јас му испративме покана за нашата свадба на папата Франциск како на шега додека сè уште бевме верени, и еве го одговорот што го добивме од Ватикан, напиша тој на социјалните мрежи.
Тој прикачи фотографија од официјалното писмо заедно со текстот.
-Неговата Светост, Папата Франциск, го прими вашето љубезно писмо и ме замоли да ви се заблагодарам. Неговата Светост ќе се моли за вас и вашиот вереник по повод вашата радосна венчавка. Тој ве повикува на изобилството на Божјите благослови, стоело во одговорот на Државниот секретаријат на Ватикан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа