На Инстаграм се пофали како дрифта со бмв-то: Полицијата му ја зеде колата

 

На 12.03.2025 во 22.40 часот во Кавадарци полициски службеници од ПО БПС Кавадарци сопреле патничко моторно возило „бмв“ со кавадаречки регистерски ознаки, сопственост и управувано од Р.С. од Кавадарци, а во врска со претходна објава на социјалната мрежа инстаграм, на која се гледа дека возачот го управува возилото со нагло зголемување на брзина, со што предизвикува пролизгување на погонските тркала и создавање бучава. Од страна на полициските службеници возилото е одземено по член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На 14.03.2025 во Станица за технички преглед во Кавадарци извршено е мерење на бучава и утврдена е бучава над дозволената. Согласно член 344 став 3 од ЗБСП, возилото „бмв“ е привремено одземено на период од 90 дена.

14.03.2025 - 18:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега