На 29 јули расправа за интерпелацијата на Љупчо Коцевски
Собранието на Република Македонија на 29 јули ќе расправа за интерпелацијата за работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Како што е наведено на официјалната веб-страница на законодавниот дом, точката е предвидена во рамки на 64. собраниска седница, која треба да започне во 11 часот.
Интерпелацијата беше поднесена на 26 јуни од пратеничката група на Левица, која преку документ доставен до претседателот на Собранието, Африм Гаши, побара одговорност од Коцевски поради, како што наведуваат, непочитување на уставните и законските обврски.
24.07.2025 - 21:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа