МВР: Не водиме никаква постапка против Билјана Ивановска

Во врска со случајот со Билјана Ивановска поранешна претседателка на Антикорупциската комисија, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека против неа МВР не води никаква постапка.
За сите пријави и постапки кои што ги води Обвинителството, тоа е единствено надлежно за одговори во врска со истите, велат од МВР во реакција испратена до медиумите.
За потсетување, поранешната прва Антикорупцинерка претходно денеска соопшти дека 11 часа откако ја објавила нејзината кандидатура за градоначалничка полицајци и затропале на врата.
15.08.2025 - 15:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа