Муртезани замина за Ирска - има набиена агенда

 

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, од денеска престојува во работна посета на Ирска, во чии рамки се планирани средби со министерот за европски прашања и одбрана, Томас Брн, како и со членовите на Заедничкиот комитет за европски прашања на ирскиот парламент (Oireachtas).

Како што информираат од МЕП, дискусиите на состаноците ќе опфатат теми за европската перспектива на Северна Македонија и регионот, поддршката од Ирска во процесот на пристапување во Унијата, во светло на претстојното претседавање со Советот на ЕУ, продлабочување на билатералната и институционалната соработка.

На состаноците ќе се разговара и за прашања поврзани со  безбедносна политика на ЕУ во контекст на новите геополитички предизвици и политиката на проширување како нивен одговор.

03.07.2025 - 09:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега