Муцунски во Атина: Зајакнување на економската и енергетската соработка со Грција
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Атина, утре ќе има средба шефот на дипломатијата на Грција, Јоргос Гераптеритис.
Во фокусот на разговорите се очекува да бидат идните активности за зајакнување на односите и соработката меѓу двете земји, со акцент на економската и енергетската соработка и инфраструктурното поврзување, соопшти МНРиНД.
Европската интеграција на регионот, како и актуелните геополитички случувања, исто така ќе бидат дел од темите за кои ќе се разговара, водени од заедничкиот интерес за зајакнување на регионалната стабилност и просперитет на двете земји како непосредни соседи и НАТО-сојузници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа