Муцунски од НАТО Самитот: Мирот бара подготовка, единство и заедничка посветеност

 


На маргините на НАТО-самитот, што изминатите два дена се одржа во Хаг, Холандија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски зеде учество на настан посветен на анализата на клучните одлуки донесени на самитот.

Во рамки на своето обраќање, министерот Муцунски нагласи дека одлуките што ги носиме денес ја обликуваат иднината утре.

„Мирот не се одржува по случајност, туку преку подготовка, единство и заедничка посветеност на справување со предизвиците“, потенцираше тој.

Фокусот на дискусијата беше ставен на разговорите меѓу сојузниците за рамноправна распределба на одговорностите, потребата од зголемување на индустриското производство во одбраната, како и на развојот на дигитални иновации за јакнење на одбранбените капацитети на Алијансата.

26.06.2025 - 10:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега