Муцунски на Дубровник Форум: Зајакната посветеност на европските вредности и поддршка за реформите

 


На маргините на Дубровник Форум 2025, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос.

Во година кога одбележуваме 30 години членство во Советот на Европа, на средбата беше потврдена нашата силна заложба за вредностите и стандардите на Организацијата. Соговорниците ја истакнаа и важноста на Европскиот суд за човекови права, неговата независност и спроведувањето на неговите пресуди.

Министерот Муцунски упати благодарност за поддршката од Советот на Европа во спроведувањето на реформите дома и усогласувањето со европските стандарди. Соговорниците разменија мислења и за пошироките безбедносни предизвици во Европа, вклучително и руската агресија врз Украина.

11.07.2025 - 15:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега