МОН: Ниту еден студент нема да го изгуби правото на субвенциониран студентски оброк заради користење семејна пензија

 


Министерството за образование и наука информира дека на ниту еден студент кој користи субвенциониран студентски оброк, нема да му биде прекинато правото доколку истовремено е корисник и на семејна пензија по основ на починат родител.

Студентите корисници на субвенциониран студентски оброк, кои истовремено користат и семејна пензија, нема да го изгубат правото остварено преку Министерството за образование и наука. Предизвикот настанат на почетокот на овој месец, кој засегна 181 студент, ќе биде надминат во текот на денешниот ден и студентите ќе ги добијат средствата кои им следуваат согласно закон, нагласуваат од ова министерство.

Потсетуваат дека Министерството за образование и наука на барање на Националното студентско тело од месец април го прошири опсегот на оваа мерка, така што, според нив, повеќе работниот статус не е ограничувачки критериум за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, а истото можат да го користат и студенти од втор циклус на студии.

07.05.2025 - 15:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега