„Моите гради ми го уништуваат животот, очејнички ми треба намалување“ - мајка јавно побарала помош, па доживеала пресврт

 

Мајка на две деца очајнички сакала да ги намали градите, но зафатот кој чинел 6.500 фунти здравственото осигирување не сакало да ја покрие, па со оглед на тоа дека нема пари, пронашла друго решение.

26-годишната Кели Миш од Харогејт во Јоркшир, изгубила дури 13 килограми па според советите на лекарите редовно вежбала. Меѓутоа, тоа не ѝ помогнало со проблемот кој очигледно се повеќе влијае врз нејзиниот живот.

Keli Mišo, operacija, velike grudi

Поради многу големите гради, корпа со големина H, Кели имала проблеми со кичмата и акутните болки во грбот, поради кои потрошила илјадници денари на медицински градници со дополнителна опрема. Но, тоа не ѝ помогнало.

Поради губењето на килограмите се создало вишок кожа која создава дополнителна непријатност и болка, а нејзините барања за операција повеќе пати биле одбиени. Кели се чувствува осамено и напуштено во својата борба за живот.

Keli Mišo, operacija, velike grudi

Иако се борела за тој зафат, пишувала молби и барања, по втор пат била одибена во 2019 година па докторот по општа пракса ја советувал зафатот да го направи приватно. Проблемот бил во тоа што самиот зафат е многу скап, чини 6.500 фунти.

Покрај трошоците за самиот зафат, чини и постоперативната нега, а вкупните трошоци, по нејзина пресметка би се искачиле на вртоглави 10.000 фунти.

Наместо да очајува, Кели одлучила да покрене GoFundMe  кампања во која целта било да се соберат потребните 10.000 фунти.

Keli Mišo, operacija, velike grudi

-Не очекував успех на кампањата, но веќе неколку дена имам повеќе донации. Бев шокирана. За еден месец ја постигнав целта. Бев воодушевена - раскажала.

-Токму кога собрав доволно пари ми се јави еден козметички хирург кој слушнал за мене и мојата приказна и ми понуди бесплатна операција во својата клиника. Бев воодушевена - рекла Кели.

После тоа Кели одлучила да ги подари собраните пари во добротворното друштво за рак на дојка.

Keli Mišo, operacija, velike grudi

12.07.2021 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега