Млад фудбалер почина на загревање пред натпревар

 

Синамандла Зонди, 22-годишен фудбалер на јужноафриканскиот клуб Дурбан Сити, почина откако му се слоши за време на загревањето во пресрет на тамошниот првенствен натпревар од втората лига.

Без какви и да е претходни здравствени проблеми, Зонди се загревал со соиграчите од Дурбан Сити во пресрет на првенствениот натпревар против Милфорд. Младиот фудбалер во еден момент колабирал на теренот и итно бил префрлен во блиската болница.

Во меѓувреме, официјалните лица означиле почеток на натпреварот Дурбан Сити-Милфорд, но бил прекинат на полувремето кога официјално била објавена веста дека Зонди починал. Причината за неговата смрт сè уште не е официјално позната.

Зонди беше еден од најдобрите играчи на Дурбан Сити, тим кој во моментов е на првото место во втората лига и најсериозен кандидат за влез во елитната класа на јужноафриканскиот фудбал. Во тековната сезона, дефанзивецот Зонди одигра 24 првенствени настапи за својот тим и постигна два гола.

23.04.2025 - 19:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега