Мисајловски: Посветено продолжуваме да градиме партнерства кои ја зајакнуваат стабилноста
Во рамки на посетата на Обединетото Кралство, Министерот за одбарана Владо Мисајловски, оствари значајна средба со лорд Вернон Коукер, државен министер во британското Министерство за одбрана.
-Со лорд Коукер разговаравме за развојот на одбранбената соработка помеѓу двете сојузнички земји, како и безбедносната состојба во регионот и пошироко. Заеднички заклучок е дека нашите одбранбени односи се темелат на заеднички вредности и цели – мирен и безбеден регион и силна Алијанса која ќе остане гарант за безбедноста на евроатлантската област, истакана Мисајловски.
Изразив благодарност за поддршката и посветеноста на Обединетото Кралство кон нашите заеднички цели и вредности. Посветено продолжуваме да градиме партнерства кои ја зајакнуваат стабилноста и мирот, потенцира министерот Мисајловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа