Минусни температури во цела Македонија: Измерени -9
Најстудено утрово е во Берово со -9, во Крива Паланка се измерени -8, -7 во Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Крушево и Битола, -5 во Скопје, Штип и Велес, -4 во Гевгелија, Кавадарци, Тетово, Прилеп и Виница, а -3 во Струмица и Охрид, соопшти УХМР.
На Попова Шапка има снежна покривка од 30 сантиметри, а во Маврови Анови 12.
Времето денеска наутро ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлините. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.
Во Скопје наутро со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа