Минусни температури во цела Македонија: Измерени -14

 


Утрово е најстудено во Берово, -14 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 32 сантиметра. Како што информира УХМР, до 8:30 часот се измерени -11 во Маврови Анови и на Попова Шапка, -10 во Крива Паланка и Демир Капија, -9 во Скопје-Петровец, Битола, Штип и Струмица, -8 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Велес и Крушево, -7 во Прилеп, Виница, Кавадарци и Гевгелија, како -5 во Охрид и Претор.

Снежната покривка во Маврово е 8 сантиметри.

И денеска утрото е ведро и многу студено. Преку ден ќе биде сончево со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде од 2 до 10 степени. Во Скопје наутро студено, преку ден сончево со слаб северен ветер и температура до 9 степени. 

21.02.2025 - 09:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега