Мицкоски утре ќе присуствува на доделување на станови на социјално ранливите семејства во Општина Кочани
Утре во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на доделување на клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Кочани, соопштија од македонската влада.
Исто така во Општина Кочани ќе се пушти во употреба и една градинка, каде што ќе даде изјава за медиуми.
Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски, веднаш по доделувањето на клучевите од новата зграда за социјално ранливи семејства (ул. 13 Бригада населба Драчевиќ, Општина Кочани).
31.01.2025 - 19:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа