Мицкоски со Ангелов во Јасен: Огромна благодарност до службите кои се борат со огнената стихија
Премиерот Христијан Мицкоски отиде во Јасен каде неколку денови беснее голем шумски пожар. Заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов ги посет службите кои се борат со огнената стихија.
-Можам да кажам дека делумно е под контрола, иако се уште во позадина има огромни јазици на пламен, дејствуваат и воздухопловите, дејствуваат и Ер тракторите заедно со хеликоптерите. Се надевам дека во најскоро време и овој пожар ќе биде ставен под целосна контрола, иако морам да кажам дека во текот на вчерашниот ден на територијата на Македонија имавме околу 34 активни пожари, од кои 33 се изгаснати. Денеска останатиот дел од територијата е целосно под контрола, немаме активни пожари, иако ситуацијата се менува од минута во минута. Огромна благодарност до сите оние храбри луѓе кои се борат со оваа огнена стихија и која што ја ставаат под целосна контрола, вели Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа