Мицкоски од Унгарија во Илинден - Продолжува „Каде што срцето е дома“
Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа, денеска ќе присуствува на отпочнување со реализација на проектите во Општина Илинден.
-Проектите предвидуваат изградба на сервисна улица 19 во УП за село Илинден, Марино и делот од КО Кадино Блок 32, изградба на улица 500 и армирано бетонски плочест мост над одводен канал кај меморијален центар во населба Јака, населено место Марино, како и изградба на дел од новопроектирана улица 20 во населено место Јака, информираат од Владата.
При посетата на општина Илинден Мицкоски ќе биде придружуван од министерот за локална самоуправа Златко Перински и неговиот заменик Ерџан Селими.
Тие ќе одржат работна средба со градоначалникот Александар Георгиевски и членовите на општинскиот совет, како и со заинтересирани граѓани од општината кои имаат прашања, предлози и сугестии кои би се искористиле во насока на подобрување на квалитетот на секојдневието во Илинден.
По средбите, како што најавуваат од Министерството за локална самоуправа, Перински, Селими и градоначалникот Георгиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, ќе извршат увид на проектите кои Општина Илинден ги реализира со средства од државниот буџет, одобрени на првиот јавен повик за финансиска поддршка за инфраструктурни проекти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа