Мицкоски му се заблагодари на Битиќи

Во изјава за медиумите по повод почеток на градбата на новата германска инвестиција на БМЗ Group во ТИРЗ 2, премиерот Мицкоски му се заблагодари на поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи и потврди дека тој ја договорил минатата година.

„Му се заблагодарувам на поранешниот вицепремиер за економски прашања, од мое име, затоа што го водел процесот до тука до каде што го водел, жалам што не успеал да го заврши до крај. Жалам што не успеа да ги убеди граѓаните и доживеа дебакл на 8 мај“, истакна Мицкоски во изјавата.

Групацијата БМЗ прави батериски системи за широк опсег на апликации, па дури и „сториџи“ за складирање на електрична енергија произведена од соларни панели и турбини на ветер. Баварскиот гигант има околу 2,3 илјади вработени и проценет годишен приход од 460 милиони евра.

Групацијата BMZ развива и произведува високотехнолошки батериски системи, кои се инсталирани низ целиот свет во најразновидните производи на познати брендови. Произведува и батериски системи со свои брендови. Освен производител, компанијата за себе вели дека е брзорастечка компанија и лидер во иновациите, најновите технологии и производствени процеси. Освен што е лидер во научно-истражувачката работа на ова поле, има и широкораспространета мрежа на клиенти. Има повеќе од 230 инженери во истражувачкиот центар. Компанијата развива повеќе од 100 нови производи секоја година.

04.09.2024 - 10:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега