Мицкоски: Мотивите на владите на ДУИ и СДС беа попустливост кон Бугарија
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за вестите на Алсат Телевизија говорејќи за членството во ЕУ и проблемот со Бугарија, истакна дека мотивите на владите на СДСМ и ДУИ биле попустливост кон Бугарија, прифаќајќи се што ќе им се понуди, со цел попустливост за криминалите, додека за разлика, мотивот на оваа влада е членство во ЕУ со зачувано достоинство.
„Многу јасна е работата, претходната влада влегла во оваа авантура мислејќи дека се што ќе им биде поставено на маса ако го потпишат, ќе добијат поддршка од надвор за да останат во владата. И тоа бил мотивот на Маричиќ, на Ковачевски, Османи, Пендаровски итн. Прашањето беше дали ќе останат на власт и ќе продолжат со криминалот со кој владееја или нема да останат на власт и ќе бидат опозиција каде што се сега.“, изјави премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски во однос на мотивите на официјална Софија, посочи дека тие се децениски историски, а тоа е да се создаде нов вештачки македонски идентитет, нов вештачки македонски јазик коишто почиваат на бугарски корени.
„Нашиот мотив е сосема поинаков. Македонија, нашата заедничка на Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците, на сите граѓани во Европската Унија по достоинствен пат. Тоа е разликата помеѓу нас и нив.“, нагласи премиерот Мицкоски.
Во врска со изјавите на бугарскиот министер за надворешни работи, премиерот Мицкоски потсети дека истиот тој министер за надворешни работи пред неколку месеци изјави дека ова е само почеток и дека во текот на преговорите има уште многу работи кои ќе треба да се дорешат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа