Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

 


Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата како лидер од Балканот. Од Владата посочуваат дека можни се и повеќе други средби.

За време на престојот во Вашингтон, македонскиот премиер треба да се сретне со Хауард Лутник, копретседавач на тимот за транзиција на претседателот Доналд Трамп и министер за трговија, Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација и со извршниот директор на Рамбл, Крис Павловски.

– Покрај Брисел, Вашингтон е исклучително значајно место за нас како држава и за нас како Влада. Очекувам да го привлечам вниманието за САД да гледаат кон Балканот со поинваква оптика. Мора прво регионално да го привлечеме вниманието – Вашингтон да гледа кон нас како регион, а не како единка во тој регион – изјави Мицкоски во интервју.

16.01.2025 - 15:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега