Мицкоски го прошетаа во величествената „Џамија Шеик Зајед“

Во рамките на официјалната посета на ОАЕ, заедно со владината делегација ја посетивме величествената „Џамија Шеик Зајед“ во Абу Даби архитектонско ремек-дело изградено од бел мермер, симбол на духовноста, толеранцијата и единството. Оваа џамија не само што претставува едно од највпечатливите верски и културни обележја на Емиратите, туку и место што ги спојува традицијата и современоста, отворајќи врати за луѓе од сите вери и нации, информираше премиерот на ФБ.
Посетата остави силен впечаток и претставува потсетник на значењето на меѓусебното почитување, разбирање и дијалог меѓу народите, дополни Мицкоски во објавата на ФБ.
14.04.2025 - 18:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа