Метео аларм: Доаѓа силно невреме, утре ќе дува ветер со над 70км/ч

 


Попладне и вечерва во земјава ќе биде облачно со интензивен пороен дожд. Во деновите од викендот времето ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 70км/ч.) кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 4-6 степени во споредба со денешните.

Како што информират од УХМР, од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст.

Времето денеска е сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 40 степени.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. 

27.06.2025 - 13:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега