МЕРМС: Состојбата со електричната енергија под постојан надзор
Ресорската група за енергетика, при Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), информира дека денеска на состанок биле разгледани моменталните состојби со снабдувањето со електрична енергија и тековните активности на главните актери во системот, при што е заклучено дека мрежата успешно го амортизирала зголемениот притисок (за време на празниците), без поголеми нарушувања, а сите капацитети остануваат мобилизирани и за претстојниот период.
Групата, како што информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), ја сочинуваат сите релевантни институции и компании – АД ЕСМ, МЕМО, МЕПСО, Регулаторната комисија и други партнери од секторот, и е формирана по иницијатива на министерката Сања Божиновска и има задача да обезбедува постојана координација и брза реакција при какви било ризици во снабдувањето.
Главна тема на состанокот била анализата на потрошувачката за време на претходните празници и подготвеноста на системот за следниот викенд за време на првомајските празници.
Од страна на АД ЕСМ, како што информираат од МЕРМС, било посочено дека водостојот, кој на крајот на минатата година беше на критични 11%, сега е стабилизиран над 30%, благодарение на внимателното и штедливо управување со ресурсите. Се работи, како што истакнаа од компанијата, со „домаќински и одговорен пристап“ кој веќе дава резултати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа