Меџити: Светски познатиот архитект Бајрам Вардар ќе го изработи архитектонскиот Мастер План за развој на Чаир
На неговиот фејсбук профил, Изет Меџити го објави името на познатиот урбанист од Турција, кој ќе биде дел од тесниот круг на соработници кој веќе работи на новиот концепт за урбан развој на Општина Чаир, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.
Во видеото од разговорот помеѓу познатиот архитект и Изет Меџити, Бајрам Вардар меѓу другото вели: „Слично на Истанбул или Бурса, предизвиците и тука во Чаир се слични. Ние сме биле и во Барцелона, и тој град претрпе реновирање. Ние ќе изработиме Мастер План за Чаир, заедно со граѓаните и додатно ќе изработиме план за имплементација. Потоа ќе ги развиеме и столбовите на овој Мастер План.”
Ескпертот Бајрам Вардар бил дел од тимот на Реџеп Таип Ердоган во периодот кога бил градоначалник на Истанбул, како и бил главен урбанист на градот Бурса, со што директно влијаел врз урбаниот развој на овие две милионски градови.
Бајрам Вардар по потекло е албанец од Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа