Меџити по повод 24 години Охридски договор: Да ја градиме заедно државата, да работиме на заеднички проекти и да гледаме кон иднината
Првиот вицепремиер Изет Меџити, по повод свечениот прием за 24-годишнината од Охридскиот рамковен договор, рече дека Охридскиот договор ќе донесе еднаквост помеѓу сите граѓани, односно меѓу Албанците и Македонците.
„Мислам дека духот на Охридскиот договор ќе донесе еднаквост меѓу граѓаните, меѓу Албанците и Македонците. Да се разбере дека сме заеднички основачи на оваа држава. Да ја градиме заедно, односно за доброто на државата и нашите граѓани“, изјави Меџити.
12.08.2025 - 20:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа