Меџити најави еден милион евра инвестиции во населбата Саат Кула во Чаир
Еден милион евра Министерството за животна средина и просторно планирање ќе инвестира за изградба на нов водовод во населбата Саат Кула во Општина Чаир.
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска при извршениот увид во градежните работи во населбата Саат Кула потенцира дека се работи за целосна изградба на атмосферска и фекална канализација, кој ќе им служи на над 2000 жители од оваа населба.
-Се работи за проект над милион евра во оваа населба, во која години наназад воопшто не е инвестирано. Најбитно е што овие се последните азбесни цевки кои се канцерогени и нездрави за граѓаните од овој дел. Второ, не се инвестира парцијално, туку целосно, целата подземна инфраструктура за овие улици и улички каде има околу две илјади жители. Инвестицијата е од Министерството за екологија преку Општина Чаир, рече вицепремиерот Меџити.
Овој регион е дел од Скопската чаршија, каде има десетици хотели, и затоа, додаде тој, е многу битен дел за сместување на туристите кои доаѓаат од различни краишта, од различни дестинации.
Меџити нагласи дека оваа инвестиција директно помага и за ревитализација и на Старата скопска чаршија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа