Меџити: Автомобилот на Ахмети стоел 24 часа во полициска станица, се сомневаа дека Груевски избегал со него
Првиот заменик-премиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, изнесе уште едно сериозно обвинување против лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Во интервју за весникот Лајм, Меџити изјави дека во времето на бегството на поранешниот премиер Никола Груевски од земјата, полицијата го задржала автомобилот на Ахмети 24 часа, под сомнение дека Груевски можел да го искористи токму тој автомобил за да избега од земјата.
„Автомобилот на Али Ахмети стоел цел ден во полициска станица, затоа што се сомневаа дека Груевски избегал со него. Ова е вистина што многу брзо целосно ќе излезе пред јавноста“, рече Меџити.
Според него, ова е еден од најскандалозните случаи што ги потврдуваат сомнителните врски на тогашната власт со бегството на поранешниот премиер Груевски во Будимпешта, и дека граѓаните заслужуваат да знаат што се случувало зад сцената.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа