Масовна тепачка пред угостителски објект на Бит Пазар
Вчера во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека во 16:20 часот пред угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(63), Х.Х.(19), Ј.Ќ.(19), сите од Скопје, од една страна и И.Б. (29) од Скопје, М.Б.(20) од Република Австрија и еден малолетник од Скопје, од друга страна.
По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
05.08.2025 - 22:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа