,,Марш за ангелите” - Семејствата на настраданите од Кочани утре во Скопје

 

Семејствата на настраданите во хоророт кој на 16. Март се случи во дискотеката „Пулс" во Кочани, во вторник ќе организираат ,,Марш за ангелите” во Скопје.

Протестниот марш ќе започне во 12 часот и 05 минути, како симболика за задоцнета реакција.

- ,,Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат па пуштаат, па свесни ли се дека и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со фати па пушти без да имаме јасно образложение за таа законска процедура што се создава во нашите мисли кои и онака се на работ на себеуништување”, велат семејствата во писмено соопштение за јавноста.

За жал, во пожарот кој е една од најголемите катастрофи во поновата историја на Македонија, загинаа 62 лица.

 Околу 200 беа повредени и се лекуваа во земјава, регионот и странство.

 

28.04.2025 - 08:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега