Манчевски сподели фотографија на која одлично се гледа секојдневната реалност: „Криви се Бугарите и Грците“

Познатиот македонски режисер Милчо Манчевски сподели фотографија на својот Фејсбук профил која е доказ и показател со каква реалност се соочуваат секојдневно лицата со инвалидитет, пешаците, мајките со колички, поради несовесните луѓе кои паркираат на тротоарите и нема место за движење. Промената која прво треба да ја направиме е кај нас самите. За ваквото однесување никој друг не ни е виновен.
На фотографијата се забележува лице во инвалидска количка кое е приморано да се движи по улица поради паркираните автомобили на тротоарот, а истата е направена во центарот на Скопје.
„Криви се Бугарите. И Грците. И Тито. И пусто турско. И ЕУ. И вакцините. И 5Г. И како тоа ти не' прикажуваш!“, напишал Манчевски покрај фотографијата која почна масовно се споделува на сите социјални мрежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









