Малолетник возел натоварен со мигранти - Направил хаос кога го сопрела полиција

 

Во близина на мостот на Серменинска река во гевгелиското село Мрзенци, синоќа во 20.00 часот на земјен пат  полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица лишиле од слобода малолетник од Скопје.

При контрола во возило „хјундаи“, кое тој го управувал, а на кое имало скопски регистарски таблички кои припаѓале на друго возило, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени седум лица мигранти од Египет.

- Откако бил забележан од полициските службеници тој се обидел да побегне, но набргу бил фатен и приведен во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно - транзитен центар, се појаснува во соопштението.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

16.04.2025 - 10:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега