Макрон: Паузата на Трамп за царините е кревка

 


Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека одлуката на Доналд Трамп за 90-дневна суспензија на царините што тој претходно ги наметна на други земји носи само кревка пауза.

„Делумното суспендирање на американските царини за 90 дена испраќа одредена порака и ја остава отворена вратата за преговори. Но, оваа пауза е кревка“, напиша Макрон на платформата „Икс“.

„Кревка, бидејќи царините од 25 отсто за челик, алуминиум и автомобили и оние од 10 отсто за сите други производи сè уште остануваат во сила. Тие претставуваат 52 милијарди евра за Европската унија! Кревки, бидејќи тие 90 дена значат 90 дена неизвесност за сите наши компании, од двете страни на Атлантикот и пошироко“, додаде тој.

Ројтерс, исто така, пренесува дека Макрон повторил дека Франција и Европската унија ќе дејствуваат обединето во преговорите насочени кон постигнување договор и укинување на американските царини.

11.04.2025 - 09:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега