Макрон ја повика Европа „да се разбуди“
Конфликтот во Украина „нема да заврши утре, ниту задутре“, изјави претседателот на Франција, Емануел Макрон алудирајќи на најавата на новиот американски претседател Доналд Трамп за брзо завршување на војната.
– Не може да има мир и безбедност во Европа без Европејците и без тоа да биде договорено од Европејците, истакна Макрон во обраќањето пред армијата во базата во близина на Рен.
Тој додаде дека „предизвик е да и обезбедиме средства на Украина за да издржи и да влезе во какви било идни преговори од позиција на сила. како и гаранции за нашата сопствена безбедност“.
Макрон ја повика Европа „да се разбуди“ и да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја намали зависноста од САД.
– Што ќе правиме утре во Европа ако нашиот американски сојузник ги повлече своите воени бродови од Медитеранот? Ако ги испрати своите борбени авиони од Атлантикот во Пацификот?, посочи Макрон.
Според него, Франција и Европа мора да се адаптираат на променливите закани и интереси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа