Макрон бара четиристран самит меѓу Украина, Русија, САД и Европејците

 

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на одржување четиристран состанок на кој ќе учествуваат и Европејците, како одговор на надежите на американскиот претседател Доналд Трамп да ги донесе на маса украинскиот и рускиот претседател.

„Мислам дека како продолжение веројатно ќе ни треба четиристран состанок, бидејќи кога зборуваме за безбедносни гаранции, зборуваме за целата безбедност на европскиот континент“, рече Макрон на состанокот во Белата куќа на кој се собрани европски лидери, Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика на прекин на огнот во Украина пред самитот на лидерите.

„Не можам да замислам дека следниот состанок би се одржал без прекин на огнот, па ајде да работиме на тоа и да се обидеме да извршиме притисок врз Русија“, рече Мерц.

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори својот став дека прекин на огнот не е неопходен за да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина, повторувајќи ги претходните коментари што го доведоа неговиот став поблиску до рускиот претседател Владимир Путин, со кого се сретна минатата недела.

„Не мислам дека е потребен прекин на огнот“, рече Трамп, седејќи покрај украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа.

„Знам дека можеби е добро да го има, но исто така можам да разберам стратешки зошто едната или другата земја не би го сакале тоа“.

18.08.2025 - 22:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега