Лоши вести за туристите во Париз: Врвот на Ајфеловата кула е затворен

 

Врвот на Ајфеловата кула е затворен за посетители поради екстремно високите температури што ја зафатија Франција, како и остатокот од Европа, објави денес Политико.

„Поради моменталниот топлотен бран, Ајфеловата кула презема мерки за да обезбеди удобност и безбедност на нашите посетители и персонал“, се вели во соопштението на веб-страницата на оваа париска атракција, во кое се додава дека врвот на кулата ќе биде затворен во текот на денешниот и утрешниот ден.

Во исто време, првото и второто ниво на кулата ќе останат отворени, но властите ги поканија посетителите кои немаат однапред резервирани билети да ја одложат својата посета.

01.07.2025 - 18:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега