Љутков: Гевгелија е Град на културата во државата за 2025 година

 


Гевгелија е Град на културата во државата за 2025 година, соопшти на денешната прес-конференција министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Ова признание не е само чест, туку и обврска, рече минстерот додавајќи дека Гевгелија по втор пат е град на културата по 2011 година.

„Тоа е потврда дека Гевгелија со својата богатa културна традиција повторно ќе биде во центарот на културните настани во Македонија. Министерството за култура и туризам стои зад вас и ја поддржува оваа манифестација со 3 милиони денари, со цел да создадеме програма која ќе го освежи културниот живот во овој град“, рече Љутков.

Додаде дека Гевгелија со својата локација и природни убавини привлекува бројни туристи, а сега, со статусот на Град на културата, ќе понуди нови искуства и можности за уживање.

„Време е да создадеме средина во која културата не само што ќе се слави, туку и ќе се живее, каде што уметноста ќе биде интегрална компонента на нашиот секојдневен живот. Со манифестацијата Град на културата, имаме уникатна можност да ги инспирираме младите, да ги охрабриме уметниците и да го промовираме нашето културно наследство“, посочи министерот Љутков.

На денешната прес конференција беше објавбено дека во рамки на манфестацијата „Гевгелија град на културата“ ќе се реализираат 142 проекти, а нивната реализација е помогната и со 16 милиони денари од општинската каса.

Министерот Љутков и градоначалникот Сарамандов денеска ја посетија и Старата чаршија за чија реставрација Владата инвестираше над 40 милиони денари, а Гевгелија доби нова визуелна и фукционална димензија.

06.02.2025 - 14:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега