Лимани во Брисел: Македонија потпишува спогодба за учество во програмата CERV

 


Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани отпатува во Брисел по повод потпишување на Меѓународната спогодба за учество на Република Северна Македонија во Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ (Citizens, Equality, Right and Values - CERV).

Програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ нуди структурна поддршка за подобрување на заштитата на човековите права, борбата против дискриминацијата и инклузијата на ранливите категории.

Пристапувањето во Програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ е значаен чекор во усогласувањето со ЕУ-стандардите и интеграцијата на нашата земја во Унијата – таа директно придонесува кон исполнување на условите во Поглавјата 23 и 24. При тоа, ова не е само процес на усвојување на законски решенија, туку пред сѐ трансформација на општествените вредности и создавање на поинклузивно, праведно и демократско општество.

Програмата обезбедува финансиска поддршка за граѓански организации, кои добиваат можност да аплицираат за грантови за проекти кои поддржуваат еднаквост, толеранција и човекови права. Преку Програмата се овозможува и институционална надградба. Владата и единиците за локална самоуправа можат да користат поддршка за подобрување на нивните капацитети во заштитата на фундаменталните права.

Програмата придонесува за промоција на недискриминацијата, засилена борба против родовата нееднаквост и насилството како и имплементација на препораките од Истанбулската конвенција.

23.06.2025 - 16:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега