Левица: СДСМ не можат да излезат од матрицатата на слугување на интересите на ДУИ
,,Сервилноста и кукавичлукот на СДСМ да не се поддржи интерпелацијата на Илире Даути ќе биде погубен преседан. После два дена координирани напади помеѓу СДСМ и ДУИ за да се амортизира нивната блискост и заедничко дејствување, сега со негласање на интерпелацијата за Илире Даути, СДСМ покажуваат дека не можат да излезат од матрицатата на слугување на интересите на ДУИ", соопштуваат од Левица.
,,Причината која СДСМ ја наведоа е само изговор со кој го прикриваат влијанието и притисокот на нивниот партнер ДУИ, од кој очигледно се уште не можат да се ослободат", додаваат од Левица.
,,Интерпелацијата нема никаква врска со етничката припадност на Илире Даути, туку со нејзината несовесна работа како претседател на собраниска комисија. Таа од оваа позиција го крши Деловникот и ја кочи работата на Собранието. Со наводната вистинска одговорност која ја лоцираат кај Гаши и поради која не гласаат за интерпелацијата на Даути, нивната сервилност и кукавичлук ќе значи погубен преседан кој ќе дозволи целосно своеволие на претседателите на комисиите", стои во соопштението на ПП Левица.
10.01.2025 - 14:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа