Легендарен НБА тренер имал мозочен удар

 

Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович доживеал мал мозочен удар на 2 ноември. Седумдесет и петгодишниот кошаркарски стручњак се чувствуваше лошо пред мечот со Минесота (113:103).

Тогаш беше објавено дека тренерот ќе биде надвор од терените на неодредено време поради сериозен здравствен проблем.

Времето за целосно да закрепне легендарниот тренер во НБА-лигата сè уште не е одредено.

Во отсуство на Попович, како главен тренер на Сан Антонио ќе ја извршува помошниот тренер Мич Џонсон. 

13.11.2024 - 22:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега